Еурофарм Пелистер – Металопластика 30:26 (12:14)
Играно во спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, без публика
Еурофарм Пелистер: Мараш, Ојлевски, Маџовски 3, Мандалиниќ 6, Кушан 4, Стејапановиќ 5, Радовиќ, Танковски, Трајковски, Периќ 8, Чаневски, Трајковски, Вегар, Кукувски, Велковски 3, Граџан 1, Ѓукич.
Металопластика: Додиќ, Воркапиќ 3, Јевтиќ, Писариќ 2, Срѓановиќ 2, Лисица, Миловановиќ, Трифуновиќ, Бомаштар, Иваниќ 4, Радисавлевиќ, Миљковиќ, Бабиќ 7, Тодоровиќ 4, Брајовиќ 4.
Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола во Битола на свој терен со првата победа ја отвори новата сезона во СЕХА лигата, а во ракометниот храм “Боро Чурлевски“ ја победи српска Металопластика со нчетири гола разлика 30:26, со одлични втори 30 минути во кои одиграа добро во секој сегмент од играта.
Дуелот во Битола започна со многу грешки во нападите на двете страни, а по првите десет минути резултатот беше 5:5, а потоа резултатот беше во корист на Пелистер 10:9. Во финалните десет минути од првиот дел се влезе со за првпат водство на Пелистер со два гола разлика, а битолчани на одмор заминаа со негатива од два гола 12:14.
Во вториот пелистерци тргнаа моќно и во одбраната и во нападот и за само пет минути направија серија од 6:2 и поведе со 18:17, а разлика се одржуваше на два гола предност 24:22, а потоа со два гола на Периќ стигнаа на три гола разлика 26:23. Во клучните моменти кога се решаваше прашањето на победникот на овој натпревар, одбраната на Пелистер конечно покажа цврстина, а нападот одлучност и ефикасност, па првите бодови заслужено останаа во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”636″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”alttext”]






