Press "Enter" to skip to content

По ремито во Битола со Бутел, Еурофарм Пелистер 2 пред плеј-оф промоција

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 23:23 (13:12)

Во Битола во рамките на 1о. коло од групата “Б“ од Супер ракометната лига Еурофарм Пелистер 2  и Бутел Скопје одиграа неизвесен натпревар кој после голема драма заврши без победник 23:23, а во финишот домаќините имаа напад и можеа да ститнат до победа. Ова реми им одговара на битолчани кои се на чекор до математички влез во плеј-офот, каде што одамна е и Бутел.Битолчани започнаа одлично и мотивирани од голманот Ивановски поведоа со 4-2, а гостите се вратија во натпреварот, со изедначен резултат. Финишот на првото полувреме беше во знак на Еурофарм Пелистер 2 за на одмор да се замине со  13:12.На стартот на второто полувреме со цврста одбрана Бутел ја направи поведе со 18:20 и на пет минути до крајот беше 21:22. Дрогришки израмни на влезот во 58. минута, а потоа двете екипи не реализираа по еден напад за победа, а  последниот удар на Стефан Дрогриши за триумф го одбрани Блажески за крај 23:23.Најефикасни во домашниот табор беа Кузманоски со пет и Јован Талески и Дрогришки со по четири гола.В недела во последното коло од групата “Б“ на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Прилеп.

[ngg src=”galleries” ids=”638″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »