Попладнево на состанокот на Управниот одбор на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола одлучено е шеф на стручниот штаб и со тоа и тренер на Пелистер да остане Димитар Капинковски, кој на тренерското столче седна по раскинувањето на клубот со Зоран Штерјовски.
Одлуката на Управниот одбор ја потврди сопственикот на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски, веднаш по состанокот. Капинковски според него останува на чело на прболигашот од Битола до крајот на оваа сезона.
Иако деновиве низ спорските кулоари се споменуваа неколку звучни имиња да дојдат во Битола, сепак Управата се одлучи за Капинковски, а клучни за ваквата одлука биле и двете победи на Пелистер во последните две кола.
По победата над Шкендија фудбалерите веќе се на новогодишен и божикен одмор, а по празниците ќе ги започнат подготовките, а се очекува Пелистер да доведе нови засилувања.






