Press "Enter" to skip to content

Пелистер со 5 од 5 лидер на табелата, победи против Академија ФМП

Академија ФМП – Пелистер 67:95

Сала “Независна Македонија“, играно без публика

Судии: Павлов, Давидов, Јакимовски

ФМП Академија: Харис 4, Двојаковски 2, Главчев, Атанасов 11, Крстајиќ 15, Стојановски 7, Србиновски 2, Петровски 8, Обедниковски, Димитровски 8, Каркуки, Темелковски 10.

Пелистер: Стајиќ 14, Малешевиќ 22, Кесар 13, Трајковски 14, Калахан 12, Најдовски, Вилијамс 4, Начевски 5, Јовановски 1, Михајловски 2, Зекири 8.

Пелистер од Битола, оваа сезона продолжува со победите, а денес ја забележа петтата победа  оваа сезона на петтиот меч над Академија ФМП, со резултат 67:95, а со тоа Пелистер е лидер на табелата со максимален број на бодови.

Кошаркарите од Битола само во почетните пет минути имаа рамноправен противник, а и резултатот беше израмнет 12:12, а потоа до крајот на првиот период сбеше 19:25, а на полувремето резултатот беше 40:49.

Пелистер имаше најдобри минути кон крајот на третата четвртина кога направи серија и стигна до  +14 (57:71).

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Малешевиќ со 22 поени, пред Бојан Трајковски со „дабл-дабл“ од 14 поени и 10 скока и Бобан Стајиќ кој исто така запиша 14 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »