Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ: целта ние е да бидеме дел од плеј-оф, а тоа и го заслуживме

Втората екипата на Еурофарм Пелистер од Битола одигра нерешено со екипата на Бутел и со тоа направи голем чекор кон плеј-офот каде ќе разигрува со најквалитетните екипи кај нас. Тренерот на младите ракометари од Битола, Александар Јовиќ е задоволен од самиот натпревар, но и од целата полусезона, а за тоа како го очекува крајот на полусезоната вели:

-Одигравме добар натпревар против екипа која долго игра заедно и која е одлично организирана. Остануваме фокусирани кон исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Максимално сериозно ќе му пристапиме и на последниот натпревар кој ќе го играме во Прилеп, против истоимената екипа, кој не го криеше задоволството од тоа како целиот проект за овие млади ракометари се спроведува.

-Сакам да им се заблагодарам на луѓето од управата на клубот за условите кои ги имаме да напредуваме. Оваа млада екипа има зацртан план, оди по него и ги исполнува целите. Верувам дека никогаш поквалитетниот плеј-оф како што следи, ќе биде добредојден за овие млади момци. Наша цел е да бидеме дел од тој плеј-оф“, ни рече Јовиќ.

В недела во Еурофарм Пелистер 2 го игра последниот официјален натпревар во 2020 година, а потоа во зависност од тоа дали ќе настапи во плеј-офот Александар Јовиќ ќе ги прави и плановите за наредната година.

More from СпортMore posts in Спорт »