Press "Enter" to skip to content

Најдобрите хрватски и словенски екипи противници на Еурофарм Пелистер во Пореч

Еурофарм Пелистер по стартот во Битола подготовките ќе продолжи од 20 до 30 јануари во Пореч, Хрватска. Клубот од Битола ги дефинира сите детали околу десеттодневните подготовки и деновиве ќе биде познат и комплетниот календар на пријателски натпревари кои таму ќе ги одиграат.

Еурофарм Пелистер од Битола за престојната пролетна полусезона кога ќе има настапи во Евро Лигата, СЕГА лигата и домашниот плеј-оф, ќе спарингува со најдобрите балкански екипи од Хрватска и Словенија. Со оглед на тоа што во близина ќе се подготвуваат и Нексе Нашиве, Загреб, Целјње, Тримо Требње овие екипи ќе бидат ривали на тимот од Битола во Пореч.

Предвидени се пет контролни натпревари, а во Битола “пелистерци“ ќе се соберат на осми јануари, а колку ќе ги има на стартот зависи од бројот на повикани ракометари на Еурофарм Пелистер во евро-квалификациите и на Светското првенство.

More from СпортMore posts in Спорт »