Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 16:23 (7:9)
Покрај кошаркарите и младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 ги израдуваа љубителите на спортот во Битола, посебно на оние кои ракометот им е слабост. Младите ракометри од Битола во Прилеп ја победија домашната екипа во “Б“ групата од Супер лигата со 16:23, полувреме 7:9.
Домаќинот во првото полувреме беше рамноправен противник, а резулатот беше 7:9, со многу малку голови и со добри одбрани на голманите.
На почетокот на второто полувреме “пелистерци“ ја засилија одбраната и ефикасно играа во нападот, а на стартот со серија од 7:0 се одлепија и покажаа кој ќе биде победник во ова пелагониско дерби, а петте голови на Јован Талевски, 26-годишниот среден бек беа клучни во моментите кога се одлучуваа.
Еурофарм Пелистер 2 по оваа победа ја освоија третата позиција на табелата во групата “Б“ и ќе играат во плеј-офот.






