Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: донесете одлуки за промени на себе во годината на големи очекувања која ни претстои

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Со  доаѓањето на Новата година сите со возбуда  си посакуваме најубави желби на здравје, среќа, пари… особено оваа година очекувањата ни се поголеми, пандемијата која владееше скоро цела претходна година не исцрпи вовлекувајќи во сите неизвесност, страв, анксиозност.  Со доаѓањето  на Новата  година кај сите нас големи очекувања,  се чувствуваме како пред еден голем почеток на надежи, желби, промени и исполнување на желби за здравје физичко, ментално, среќа која ја посакуваме. Но, би требало да знаеме дека среќата и да ни се “пружи“,  треба правилно да ги искористиме своите можности и потенцијал.

Во годината која ни доаѓа треба ментално добро да се справиме со предизвиците  кои ни претстојат. Еве некои препораки:-Бидете задоволни со тоа што го имате, а не со тоа што го немате. Поставете си цел која сакате да ја направите.

-Поставете си реални цели. Со анализа на себе, како и на своите потенцијали и слабости.

-Не превземајте задачи и одговорности на себе кои не можете да ги направите, за потоа да се чуствувате немоќни, неспособни, а со тое и незадоволни од себеси.

-Развивајте ја својата самосвест. Ако сте искрени со себе и правилно се проценувате тоа ќе ви помогне да немате некои нереални очекувања од себе. Со тоа ќе бидете задоволнио со себе и своите постигнувања.

-Не донесувајте суд или не судите за другите луѓе(личности) врз основа на нивнта политичка определба, социјален или економски статус, припадност кон заедница, пол, возраст… (врз основа на предрасуди).( Во услови на пандемија и личности заболени од корона вирус)

-Да судите за некого врз основа на тоа каков бил во детсвото, во училиште…добар, лош ученик… Или врз основа на тоа што другите луѓе зборуваат(озборувањата) за него. Водете се од една мудра изрека „Вистинската мерка за мене ја знае само мојот кројач, таа е сега и овде“.

-Почитувајте ги другите луѓе, нивните ставови, интереси, погледи кон животот…кои не мора да бидат исти како вашите. Ако не се сложувате покажете асертивност во комуникацијата. (Види текст “Асертивно однесување“ во Совети).-Бидете што помалку осетливи. Ако некој ви забележи нешто со што не се сложувате немојте веднаш да се повлекувате или да напаѓате. Овие реакции зборуваат само за тоа како се носите со критицизам. Добро проанализирајте дали за забелешката се во право, заблагодарете на искреноста и запомнете ги нивните коментари.

-Научете да кажете НЕ. Како во смисла на своите внатрешни нагони, желби, пориви. Тоа значи една самодисциплина на тоа што сакаме да го имаме и поседуваме .Секако да знаеме да се заштитиме себеси. Да знаеме кога треба да кажеме НЕ во односите со другите луѓе во различни ситуации, за да не се чувствуваме искористено и незадоволни од себе.

-Научете како да ги препознаете своите чувства. Поставувајте си прашања на себе „како се чувсвувам?, Зошто така се чувствувам? Да ги препознаете чувствата и емоциите и да се обидете да ги разликувате и анализирате. Но при тоа немојте да ги преувеличувате, ниту минимализирате.

-Превземете одговорност за своите чувства. Не барајте надворешни објаснувања за она што го чувствувате, нашите чувства зависат од тоа како ние ја согледуваме ситуацијата. Заради тоа немојте постојано да се прикажувате како „жртва“ на надворешни ситуации.

-Предвидете ги своите чувства. Со анализа и рангирање на своите чувства научете однапред како ќе реагирате после одредена случка што ќе се случи. Избегнувајте да правите работи кои инспирираат негативни чувства и емоции кај вас.

-Прашувајте ги другите луѓе како се чувствуваат (емпатија). Понекогаш не можете да знаете како некој се чувствува, ако не го прашате, (освен ако имате нагласено развиена интуивција и емпатија). Во секој случај морате прво да ги разберете, за да можете да сочувствувате со нив. При тоа слушајте ги внимателно.-Проблемите согледајте ги целосно. Кога ќе ви се случи нешто и мислите дека цел свет ќе пропадне, размислете добро колку е вашиот проблем вистински сериозен и важен. Колку ќе биде важен за 10 години, 10 месеци, 10 седмици, 10 минути. Изреката „Се ќе помине“ добро може да ви дојде.

-Бидете љубопитни. Ова ги поттикнува вашите интереси, желби и ќе ви помогне да се пронајдете себеси во она што вистински ве интересира и ве исполнува.Со ова може да пронајдете свое ново хоби, интерес кое ќе ве исполнува во слободно време.

-Помалку технологија. Оставете ги смарт телефоните за миг, Интернетот и социјалните мрежи. Вратете се на вистинската и правилна  комуникација со другите луѓе каде чувствата и емоциите,  емпатијата можат да се видат во вистинско и право светло. Дури и денес со носење на маска за заштита и физичка дистанца не го запоставувајте дружењето со другите луѓе.(човекот е социјално битие). При тоа важно е да сочуствувате со другите особено денес во време на здравствена, социјална, економска, политичка криза)

Совет:

-Комуницирајте со очи, на тој начин интуитивно ќе воспоставите подобра комуникацаија и разбирање со другите луѓе. (Велат „Очите се огледало на душата и тие никогаш не лажат).

-идете позитивни и живејте во сегашноста водени од „Сега и овде“ со тоа нема да се „заглавени“ во минатото („што требаше да направам“) или очекувања за иднината („што ќе направам“…, што ќе биде…) Без реално проценување на себеси.

-Помагајте, дарувајте колку што можете, од срце, но без очекувања дека тоа треба да ви се врати ( потоа да не се почувствувате „искористено“)

-Грижете се за своето физичко и ментално здравје со почитување на мерките за заштита од корона вирусот, за да се заштитите себеси и другите.