Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го објави календарот за пролетниот дел, СЕХА лига, лига Европа, домашен плеј-оф

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го објави календарот на натпреварите кои ќе ги игра во пролетниот дел од оваа ракометна сезна, а ќе се бори на три фронта, СЕХА лигата, Лигата на Европа и домашната завршница од плеј-офот односно битката за домашната титула.

Пандемијата со коронавирусот им одложи неколку средби на битолчани на меѓународен план од кои некои и во Битола, кои ќе мора да ги доиграат оваа пролет. Единствена непознаница за пелистерци ќе биде терминот на одигрување на дуелот против Татабања во Европската лига.

Распоредот на Еурофарм Пелистер за остатокот од сезоната 2020/21:

Во супер лигата во Битола ќе започне против екипата на Струга, а потоа доаѓа Бутел и гостувањето во Скопје, кај Вардар 1961.

  • Еурофарм Пелистер – Струга
  • Еурофарм Пелистер – Бутел
  • Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Пролет
  • Металург – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
  • Охрид – Еурофарм Пелистер
  • Струга – Еурофарм Пелистер
  • Бутел – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Вардар 1961
  • Пролет – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Металург
  • Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Охрид

СЕХА Гаспром лига Еурофарм Пелистер стартува на 6 февруари во Загреб, а потоа на 26 во Битола ја пречекува екипата на Татран Прешов.

  • 06.02.2021 Загреб – Еурофарм Пелистер
  • 26.02.2021 Еурофарм Пелистер – Татран Прешов
  • 17.03.2021 Металопластика – Еурофарм Пелистер
  • 25.03.2021 Еурофарм Пелистер – Загреб
  • 03.04.2021 Татран Прешов – Еурофарм Пелистер
  • 10/11.04.2021 Oсминафинале, прв натпревар
  • 14/15.04.2021 Осминафинале, втор натпревар
  • 04/05.05.2021 Четвртфинале, прв натпревар
  • 14/15.05.2021 Четвртфинале, втор натпревар

Европска лига стартот, а првиот натпревар е закажан, но неизвесен на гостувањето кај Татабања, а 16 февруари е “реваншот“ против ГОГ Гудме во Битола.

  • 09.02.2021 Татабања – Еурофарм Пелистер
  • 16.02.2021 Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
  • 23.02.2021 Еурофарм Пелистер – Рајн Некар Левен
  • 02.03.2021 Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
  • Еурофарм Пелистер – Татабања ?
More from СпортMore posts in Спорт »