Press "Enter" to skip to content

Битолчани во Сиднеј, Австралија го прославија Христровото раѓање (фотогалерија)

Голем број на верници од кои најголем број со потекло од Битола и Битолско во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј, Австралија во вонредни услови и со мерки на претпазливост го прославија споменот на раѓањето во тело на Господ Исус Христос.Благодарение на управата и волонтерите кои помагаа и се грижеа за редот во храмот “Света Петка“ се одржуваше потребниот број верници кој е пропишан со нормите поставени од државните органи за заштита од корона вирусот. Потпишување на сите верници кои се во црковниот двор и во храмот. Сето тоа изведено со план и програма означно со патокази за влез и излез од храмот и дворот.И покрај големите мерки и рестрикции како ни изјави претседателот на црковната општина “Св. Петка“ во Рогдаел Борис Димчевски се задоволни за редот и односот на парохијаните, но финансиски вели тој ке бидеме послаби од минатите години. Карактеристично за овој Божик покрај рестрикциите за првпат поставена беше божикна пештера изработена од Даниела Недеска сопругата на нашиот свештеник Владо Недески.Покрај нашиот редовен свештеник за празникот богослужеше и отец Александар Ивановски првиот парох на црквата “Света Петка“ – Рогдејл во 1977 година.Државната радио телевизија СБС пројави интерес да сними дел од богослужбата и на крај направи краток разговор со нашиот свештеник отец Недески. Прилогот беше емитуван во ударните вести на самиот ден Божиќ во 18 часот.Во храмовите на двете Австралиски епархии на МПЦ-ОА деновиве се гледаше поголема раздвиженост – подготовки за престојните големи празници кои треба да се одржат под специјални услови и правила. Задолжително носење на заштитни маски, одреден број на верници кои влегуваат во храмот на определен термин, а потоа неизменично доааѓаат друга група на верници.Бадник е денот предвестител за Божиќ. Празник пред празникот. Очекување на Христовото раѓање. Бадник и Божик се празници христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријашија.Божиќ спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум, односно камен – темелник, за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос.

“Христос се роди – навистина се роди”