Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

Календар 2021 “Основи на дигитална писменост 2021“

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со Пегасус ЕЛС Тетово подготви десктоп календар со месеците од 2021 година. Календарот е инспириран и креиран според модулите на проектот Основи на дигитална писменост кои заеднички го имплементиравме во 2020 година. Секој месец од календарот претставува посебен модул кој и оваа година со задоволство ќе го работиме. За сите детали и генералии кои се однесуваат на обуките за цела 2021 година ќе можете да ни пишете тука.

Стоиме на располагање на сите оние кои сакаат индивидуален пристап. Можете да ни пишете и да се информирате тука. Ќе добиете бесплатна консултација и индивидуален пристап за вашите потреби за обука на овие теми како единка или организација.

Најавуваме дека и во 2021 година продолжуваме со основните обуки на тема дигитална писменост бидејќи цениме дека на населението во РСМ му е потребна едукација на овие теми.

Затоа со особена чест и задоволство ве известуваме дека и во оваа 2021 година ќе ви овозможиме обуки и работилници на овие 12 модули каде секој една индивидуа без оглед на своите досегашни познавања во оваа област и без оглед на возраст ќе може да учествува на овие едукации.

Надоградување во своите дигитални знаења е од суштинско значење за граѓаните во заедницата и затоа оваа 2021 ќе ви овозможиме преку овие модули да ги подобрите своите дигитални комуникациски вештини кои ќе ви помогнат во непречено извршувањето на вашите работни активности.

Ви посакуваме добро здравје и успешна работна година. Среќно!