Press "Enter" to skip to content

Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј: годинава славиме 10 години постоење на клубот и пет години прволигаши, а од овој изминат период сме презадоволни (фото)

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола по двонеделните припреми кои ги одработија во својата “база“ во медицинското училиштево Битола, кои завршија на 30 декември се на краток одмор до 11 јануари, со исклучок на репрезентативките кои се на подготовки во Берово од 3 до 15 јануари, кога ги продолжува подготовките за пролетниот дел од сезоната која започнува на 6 февруари.

За тоа како го оценува двете сезони, кои се случлија во 2020 година, тренерот на Пелистер Волеј од Битола, Роберт Митковски вели:-Во годината која е зад нас мораме да забележиме неколку работи. Пелистер Волеј како и сите останати клубови како-така ја заврши минатата сезона, без вистинска борба да видиме до каде сме со останатите екипи но тоа е тоа. Оваа сезона стартувавме само со прволигашка екипа, додека младинските екипи останаа во мирување чекајќи подобро време, веројатно на пролет. Остваривме 4 победи и 4 порази, освоивме 13 бода, со позитивен сет количник, освоени 15 сета, а 13 загубени, како и позитивен поен количник со освоени 618 поени, а загубени 554. Поради многу работи кои се случуваа во оваа најмлада екипа во Битола, која се натпреаврува во Првите лиги, не се снајдовме надобро не се пласираме во најелитниот дел, завршивме на 7-мата позиција од 14 екипи во есенскиот дел и се најдовме точно под непосакуваната “црвена линија“ зошто минаа само 6 екипи.  Помалку несреќно за што веројатно улога имаше и самиот скратен систем кој налагаше поделба во две групи и помал број на натпревари.Сепак, Митковски и неговиот стручен штаб се горди на постигнатиот успех и се си е според заслугите, па следната цел е борбата за првите две места, која продолжува за само еден месец, како и стартот на натпреварите за КУП на Македонија во кој сме редовни учесници.

-Ова е година во која во континуитет ја белижиме нашата 5-та сезона во Првата Државна лига на Македонија, што е еден мал јубилеј. 2021 е година во која ќе прославиме 10 годишнина и ќе навлезиме во втората деценија од нашето постоење, што секако е нешто на што сме неизмерно горди, вели Митковски.Иако се меѓу најмладите и најнеисусните во джавната лига за истакнување во годината која е зад нас е и тоа дека во составот на репрезентацијата на Македонија У19.

-Благодарение на Одбојкарската Федерација на Македонија се работи на највисоко можно ниво како никогаш до сега, а се подготвува за ЕП во 2022 година, имаме 4 претставнички во потесниот состав (Стефани Најдановска, Михаела Цветановска, Анастасија Ристевска и Меланија Каралиоска) како и 2 тренери, што секако е едно од најголемите наши достигнувања. Пелистер Волеј има свои претставнички и во поширокиот состав на пионерската репрезентација на Македонија кои ќе се борат за место во идниот состав, вели Митковски, кој исто така е дел од тренерскиот тим на Македонската репрезентација.Сепак сите упеси на клубот, на сите тимови не е можен без стабилно финансирање, а за тој план Митковски вели:

-2020 е година во која битолскиот, македонскиот и европски реномираниот гигант “CERMAT“ застана зад нашиот клуб како општествено одговорна компанија, без која ниту еден од овие успеси не би бил можен, за што уште еднаш јавно им упатуваме огромна и неизмерна благодарност. Упатуваме благодарност и до Општина Битола за континуираната поддршка и се надеваме дека во новата 2021 година уште посилно ќе го поддржува клубот со 100 % битолски чупиња.Митковски открива и посебно се радува дека дека после 10 успешни сезони, во завршна фаза е и опремувањето на канцеларијата на Пелистер Волеј во која ќе бидат истакнати сите нивни досегашни успеси и достигнувања, место каде во иднина ќе се одвиваат сите состаноци, прес конференции и анализи за потребите на клубот, а на крај не ја прошушти приликата да додаде:-На крај, Пелистер Волеј на сите свои играчи, тренери, навивачи, симпатизери, следбеници, љубители на спортот, спортски новинари, портали и медиуми, останати спортски клубови, тренери и играчи, им ја честита Новата 2021 година, како и божиќните празници со искрени желби за подобар живот, здравје и повеќе среќа. И секако, со желба во оваа година салите повторно да бидат полни.

С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »