Вчерашните и дождовите кои врнеа во текот на ноќта и утрово значително го зголемија водостојот на реката Драгор во Битола, а тоа можеше да се види долж коритото низ Битола во кое беше зголем водостојот. “Битолањуз“ направи фотогалерија низ течението на реката Драгор почувајќи од Довлеџик, кај Црн Мост, пред судот, кај Ленски Мост, кај Железничкиот мост, под “линија“, до Долно Оризари.
Надојдената вода на Драгор од Баба планина поради дождот и топењето на снегот направи сериозен ископ на брегот во близина на еден од најклучните објекти за водоснабдувањето на Битола, пумпната станца кај Довлеџик. Механизација на сите јавни претпријатија од утрово се на терен во обид да се контролира и санира состојбата.



























