Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и Стипе Мандалиниќ ја “заверија“ соработката со јуни 2022 година (фото)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, тоа што го најави пред крајот на мината година, денес и го официјализира  ја продолжи соработката со својот најдобар ракометар Стипе Мандалиниќ, кој летоска го засили клубот и со своите одлични игри се наметна како лидер во екипата предводена од Жељко Бабиќ.Привремениот репрезентативец на Хрватска соработката со Еурофарм Пелистер ја продолжи на уште една сезона, односно својот престој во Битола го “завери“ до јуни 2022 година. По официјализирање на соработката во клубските простории во Битола, Мандалиниќ зборуваше за неговите впечатоци од Битола, а за првата полусезона во Еурофарм Пелистер рече:-Првите шест месеци во Битола за мене беа едно убаво искуство. Немавме многу натпревари, не можевме добро да влеземе во форма, но во екипата гледам многу потенцијал и добро работиме и тренираме. Мојот впечаток за овие шест месеци е многу позитивен. Што се однесува до градот, градот е мал, но има душа. Живее за спортот, посебно за ракометот. Тука е одлично за моето семејство, во овој град се пронајдов, среќен сум во Битола и така ја договоривме соработката за следната сезона. Клубот се стреми за големи цели, почнувајќи од тренерот и стручниот штаб. Откако размислив и се консултирав одлучив да ја продолжам соработката.

За целите на Еурофарм Пелистер во 2021 година и на пто ги очекува ракометарите во збиена полусезона рече:-Во вториот дел од сезоната натпреварите се збиени. Ќе има многу натпревари, но не ме плаши збиениот календар, бидејќи играв во Бундеслигата, каде што се играат три натпревари неделно. Треба многу да се работи и да бидам искрен, го гледам тимот многу високо. Како ќе оди текот на сезоната ќе видиме, но одиме натпревар по натпревар, но не прошушти да зборува и за неговото гледање на играњето пред празни трибини:

-За навивачите на Пелистер сум слушал од многумина, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест, и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“, баш кога треба да го прекршите натпреварот. Секому му недостигаат, но нам посебно. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни фали на големите натпревари. Но, ние може да им ветиме и ним и на граѓаните на Битола дека на секој натпревар ќе го дадеме максимумот.

Мандалиниќ за Еурофарм Пелистер одигра 21 натпревар, а на Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар. 
More from СпортMore posts in Спорт »