Press "Enter" to skip to content

Сноубордерите Евгениј Ристевски и Анамари Мушуланова со одлични пласмани на FIS Children трки во Копаоник (фото)

Сноубордерите на скијачкиот клуб Пелистер од Битола вчера и дена се натпреваруваат на меѓународна FIS Children трки во Копаоник, што е и почеток на оваа сезона во која сноубордерите и скијачите од Битола.

На вчерашната вечерна трка сноубордерите на скијачкиот клуб Пелистер од Битола постигнаа одлични резултати. Евгениј Ристевски го освои првото место, Анамари Мушуланова го освои третото место. И вториот ден од меѓународните трки FIS Children поминаа со одлични резултати за битолските натпреварувачи, Евгениј Ристевски освои второ место, а Анамари Мушуланова го освои третото место.

Андреј Мушуланов со одличен настап со оглед дека сеуште не е во официјална FIS Children категорија.-И покрај сите тешкотии која пандемијата ја приреди и не спречи за вообичаени подготовки, новата сезона започна одлично, а се надеваме дека во иднина ќе имаме уште позабележителни настапи, истакнуваат од СК Пелистер од Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »