Press "Enter" to skip to content

Не беа во салата, “Чкембарите“ надвор им ја честитаа победата на кошаркарите (фото+видео)

Натпреварот во Битола, во кој екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер ја победи конкуренцијата, МЗТ Скопје, поради ковид-19 мерките се играше без публика, но навивачката група “Чкембари“ најде начин да им изрази благодарност на кошаркарите, тренерите и управата за вредната победа.

Дел од навивачката група “Чкембари“ пред влезот на салата во Битола, по завршувањето на натпреварот ги пречекаа кошаркарите во запалени црвени “бакљи“ и навивачките песни, а кошаркарите беа пријатно изнанадени.

More from СпортMore posts in Спорт »