Еурофарм Пелистер од Битола и унгарскиот клуб Татабања не одиграа ниту еден натпревар од Европската лига минатата година поради корона вирусот во рамките на Евро лигата, а сега за оваа година ги договорија двата натпревари кои ќе се одиграат во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“.
Првиот натпревар во Битола е закажан на 9 февруари во 20:45 часот, а вториот ден подоцна, на 10 февруари, со почеток од 17:00 часот.
Инаку, Еврофарм Пелистер во есента 2020 година одигра пет меча на европска сцена, а забележаа една победа, едно реми и три порази, Татабања има четири порази на исто толку натпревари.






