Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од денес на мини турнеја во Хрватска и Словенија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола од денес дел од зимските подготовките ќе ги имаат во Хрватска, а нивната неколку дневна база ќе биде спортска сала “Tрешњевка – Кутије шибица“ во Загреб, Хрватска, а ќе играат и контролен натпреват во Словенија.

Тие од Битола замина синоќа, откако вчера ги направија потребните ковид-19 во Битола, на кои сите членови на тимот, стручниот и медицинскиот штаб и администрацијата на клубот се негативни, а им се потребни за влегување во Хрватска и Словенија.

Еурофарм Пелистер уште утре ќе го има првиот пријателски натпревар против екипата на Целје Пивоварна Лашко во Словенија, со почеток во  13:30, заради важноста на ковид тестовите.

Против екипата на ППД Загреб,  Еурофарм Пелистер ќе игра на 23 јануарик во Загреб, а со Велика Горица на 25 јануари, а во останатите денови ќе има по еден тренинг во спортска сала „Tрешњевка – Кутије шибица“ во Загреб.

Повикани ракометари на оваа мини турнеја се Градимир Чаневски (капитен), Благојче Трајковски, Гоце Ојлески, Стипе Мандалиниќ, Марин Вегар, Дејан Кукулоски, Јосип Периќ, Матео Мараш, Невен Стјепановиќ, Мирко Радовиќ, Милан Ѓукиќ, Милорад Кукоски, Елмир Граџан, Павле Атанасијевиќ (отстапен од Еурофарм Пелистер 2).

Во Битола поради повреди останаа Бојан Маџовски и Томислав Кушан, а со нив ќе работи помошникот тренер Божидар Мојсов.

More from СпортMore posts in Спорт »