Press "Enter" to skip to content

Прв пораз на кошаркарите на Пелистер оваа сезона

ТФТ – Пелистер 97:82

Спортска сала “Форца“ во Скопје

Судии: Митровски, Цветановски и Јанков

ТФТ: Харис 9, Нури, Андерсон 23, Смит 18, Сапунџиев 2, Аргировски, Метевски, Николов 21, Наумовски, Митревски 7, Хортон 17, Александровски.

Пелистер: Стајиќ 11, Малешевиќ 11, Кесар 17, Вилијамс 21, Трајковски 6, Најдовски, Начевски, Јовановски, Михајловски, Калахан 7, Зекири 7. 

Екипата на Пелистер од Битола е поразена на гостувањето во Скопје од ТФТ, што само по себе е изненадување со оглед на тоа дека Пелистер во натпреварот влезе како лидер на табелата без пораз.

Новиот прволигаш од Тафталиџе на домашен терен славеше над Пелистер 97:82. Првиот дел од беше изедначен до полувремето, а Пелистер имаше поен плус, 46:47. Во третата чествртина од 50:50, ТФТ дојде до предност од 61:50. Во последните десет минути Пелистер константно бркаше негатива, но само еднаш успеа да спушти на девет поени 82:73 и ништо помалку.

Во Пелистер најефикасен беше Вилијамс со 21 постигнат поен, Кесар со 19, а Стајиќ и Малешевиќ по 11 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »