Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола испрати известување по повод престојното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз Битола во кое се вели:
-Сакаме да ја известиме фудбалската јавност дека ФК Пелистер нема да учествува на годинешното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз Битола.
Сметаме дека не се исполнети условите утврдени со Статутот на ФФМ за одржување на вакво Собрание, односно не сме добиле соодвента покана за учество на истото.
ФК Пелистер како учесник во Првата македонска фудбалска лига сака строго да се почитуваат одредбите од Законот за спорт и нашите претставници да бидат делегати на сите Собранија на ФФМ.






