Press "Enter" to skip to content

Со победата во Битола, Пелистер Волеј е во четвртфиналето од одбојкарскиот куп (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:1

(21:25; 25:22; 25:23; 25:21)

Синоќа во салата на Медицинското училиште во Битола, по фолг и исцрпувачки натпревар во четири сета екипата на Пелистер Волеј се пласира во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Одбојкарките од Битола по првиот изгубен сет, 21:25 се “вратија“ во натпреварот и со три подобри игри во продолжението дојдоа до посакуваната победа.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за првиот сет кратко рече:-Многу грешки особено во првиот сет, па повеќето поени беа практично загубени од неизнудени грешки, а тоа резултираше со оправдано загубен сет иако имавме на моменти можност за да го свртиме резултатот во наша полза, но не успеавме, а за трите наредни сетови додава:

-Во вториот сет на моменти знаевме да заиграме добро, но набрзо и тој сет стана доста неизвесен, па на крајот со малку повеќе залагање заврши во наша корист. Тоа воедно беше и клучно за целосен пресврт, па играта во третиот, а особено во четвртиот сет стана далеку поубедлива.Се на се не толку добра игра, на младите одвојкарки од Битола, но кои извојуваа значајна победа. До сега не се случило Пелистер Волеј да не го мини 1/8 финалето од купот, па така беше и овај пат.Три одбојкарки на Пелистер Волеј освоија голем број на поени, а ќе ги споменеме Стефанија Најдановска, Ана Пејовска и Ева Трпеновска.За екипата на Пелистер Волеј поените ги освоија: Најдановска 14, Пејовска 13, Трпеновска 13, Белокозовска 7, Василевска И. 5, Василевска Ј. 2, Цветановска 2, Каралиоска 1 и Жабјановска 1.

[ngg src=”galleries” ids=”650″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »