Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола заминуваат за Заграб, каде утре против екиоата на ППД Загреб ја отвораат ракометната меѓународна сезона во оваа 2021 календарска година.
Екипата од Битола против себе ќе го има засилениот тим на Владо Шол, а левото крило на Еурофарм Пелистер на последните тренинг во Битола за престојниот натпревар ни рече:
-Одработивме добро подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари. Мислам дека добро се подготвивме, со исклучок на неколку ракометари кои имаат мали проблеми. Одиме во Загреб да се надигруваме и знаеме каков противник ќе имаме в сабота навечер. Се работи за екипа која скоро секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но ќе играме на победа. Ќе дадеме максимум и ќе видиме што ќе се случи. Успех во Загреб ќе ни донесе голема самодоверба и добар влез во втората полусезона. Ни следат повеќе натпревари и добар старт во Загреб добро би ни дошол. Ни следи брзо потоа и Татабања во Битола и се надеваме на добри резултати.






