Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во пријателски натпревар во Битола подобар од Голден Арт КЛ7

Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт КЛ7 23:21 (14:8)

Вво спортската сала на медицинското училиште“ Јован Калаузи“ во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја пречека и ја победи екипата на  Голден Арт КЛ7со резултат 23:21, полувреме 14:8.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаа водство во текот на целиот дуел, а дека ќе биде така се виде и по “отворањето“ на натпреварот кога домашната екипа од Битола по успечната серија голови, поведе со 5:0. Ова водство се одржуваше се до крајот на полувремето кое заврши со +4 за домашната екипа, 14:8.

Гостите играа подобро на почетокот на вториот дел и намалија на -2, но екипа на Еурофарм Пелистер го приведе натпреварот кон крај со водство и сигурна победа.

More from СпортMore posts in Спорт »