Во Белград, Србија во организација на „Младински центар за развој“ (РЦМ), започна реализацијата на меѓународниот фудбалски проект „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“ на кој учествува Пелистер од Битола.
-Целта на проектот е да се ревитализира воспитно-педагошката улога на спортот (фудбалот, во овој случај), користејќи го влијанието што го имаат тренерите врз децата и младите. На проектот ќе учествуваат и амбасодорите на проектот, капитените на репрезентациите на Србија, БиХ и Македонија, Митровиќ, Џеко и Пандев. Со овој проект младите фудбалери ќе патуваат, ќе се дружат и ќе тренираат заедно на регионалните кампови, запознавајќи се со нивните фудбалски идоли на патот, а исто така клубовите ќе добијат дополнителна опрема за младите фудбалери, ни рече Гордана Цветковска – Бошевска, која е дел од проектот.
Фудбалските тренери од ФК Пелистер од Битола заедно со фудбалските тренери уште од шест земји ќе добијат нови корисни знаења за работа со деца и млади, младите фудбалери ќе патуваат, ќе се дружат и ќе тренираат заедно на регионалните кампови, запознавајќи се со нивните фудбалски идоли на патот, а исто така клубовите ќе добијат дополнителна опрема за младите фудбалери, чија што реализација ќе започне во јануари 2021 година, и во Битола.
Двегодишната активност ќе се реализира преку програмата Еразмус плус на Европската унија, а конзорциумот на проектот се состои од актери од спортскиот, младинскиот и образовниот сектор од шест земји: Србија, БиХ, Словенија, Турција, Македонија и Хрватска, а клубски претставници се фудбласките клубови Горица, Марибор, Пелистер, Графичат и Добој. Секторот за млади е претставен од координаторот на проектот Центар за развој на млади од Белград, Центар за образование на синдикати од Бања Лука и Центар за активна младина од Битола и Техничкиот универзитет на Блискиот исток од Анкара и Универзитетот на Свети Кирил и Методиј од Скопје со експерти во спортот.






