Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола забележаа победа над Татабања од 21:19 во првиот од двата закажани меча во рамките на Лигата на Европа, а натпреварот беше одложен поради коронавирус пандемијата. Ова е втора победа на битолските „зелени“ запишаа втора победа во натпреварувањето на ЕХФ во првото соочување со унгарскиот тим.
Ова беше средба која беше неизвесна, решаваа нијанси, моменти кои денеска беа на страна на избраниците на Жељко Бабиќ.
По 2:2 и неколку лоши акции во низа, пелистерци стигнаа до прво водство по десет минути игра. Потоа беше 5:2 а домаќинот продолжи со организирана одбрана, а Бабиќ постојано го менуваше тимот во нападот и ја користеше долгата клупа, а на одмор се отиде со позитивен резултат 11:10.
Како во првото, така и во второто полувреме беше тесно, а Татабања ја врати предноста на своја корист.
До крајот Еурофарм Пелистер на двапати имаше водство, а Хендави на голот се разбрани и беше клучот во конечната победа за +3, која беше “заверена“ на две минути до крајот.
Кушан со 6 гола беше прв стрелец, 5 даде Мандалиниќ, а пак 4 додаде Мараш.
Еурофарм Пелистер скокна на третото место на табелата и уште е во игра за нокаут-фаза, а утре повторно во Битола, Татабања ќе ја има улогата на домаќин.











