Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: мора да бидеме фанатици, на чело со мене, и да веруваме во победа

Денес во вечерниот термин во 20,45 часот во Битола продолжуваат натпреварите од Лигата на Европа, во “Д“ групата Еурофарм Пелистер е домаќин на екипата на ГОГ Гудме.

Пред дуелот со данскиот вицешампион, тренерот на “пелистерци“, Жељко Бабиќ на брифингот со новинарите зборуваше за повредените ракометари, за поблемите и за тоа со каква тактика може да се победат данците. 

-Остваривме големи победи и тие се важни за позицијата и можноста да ја минеме групата, што би бил историски успех за клубот и за македонскиот ракомет. Секако дека сум задоволен, задоволни се сите во клубот, но имавме и таканаречени нус-појави, тешка повреда на Кушан и повреда на Мандалиниќ. Плативме висока цена за победите, но на тоа не можевме да влијаеме, повредите се составен тел од спортот и можеме само да се надеваме дека ќе се вратат здрави во тимот и ќе придонесат за тимот, вели Бабиќ за повредите во тимот, а за ГОГ Гудме додава:

-ГОГ Гудме во својот ростер има четири светски прваци и тоа говори за нивната снага како тим. Сакам да нагласам дека нашите играчи кои помалку играат ќе добијат шанса да ми покажат и мене, и себе и на ракометната јавност, колку вредат. Мора да веруваме дека можеме да го победиме ГОГ Гудме. И во овој состав со кој ќе настапиме мора да веруваме дека можеме да му се спротиставиме на Данците и натпреварот да заврши во наша полза. Основни фактори за успех на утрешниот натпревар се фанатична волја и фанатична верба во себе и во тимот. Ако ги имаме тие две работи имаме шанси во позитивен исход. Во спротивно, ако немаме волја, желба и борбеност, јасно е дека нашите шанси се многу помали. Направивме големи чекори кон осминафиналето, натпреварот доаѓа во вистински момент и се радувам на него и покрај проблемите во тимот. Мора да бидеме фанатици, на чело со мене, и да веруваме во победа.

More from СпортMore posts in Спорт »