На денешната средба со новинарите претседателот на фудбалскиот клуб Пелистер, Пеце Стојчевски запрашан за состојбите во ФФМ околу собранието рече:
-Клубовите мора да партиципираат во собранието на Фудбалската федерација на Македонија. ФК Пелистер не може да вреди само еден глас колку и нисколигашите. Потребна е реконструкција на целиот систем и во тој правец поддршка за македонските фудбалски легенди кои го подигнаа гласот за промени. Во контекст со законот за спорт, апелираме клубовите да добијат потребно место во системот на делегати на федерацијата, бидејќи тие се движечка сила на македонскиот фудбал, а некој друг им одлучува за иднината. ФК Пелистер се надоврзува на останатите клубови кои деновиве побараа поголеми ингеренции во собранието на ФФМ.






