Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале на пријателски натпревар во Охрид со младинците на Работнички

Јени Маале – Работнички (м) 0:4 (0:0)

Екипата на фудбалскиот клуб Јени Маале одигра пријателски натпревар со младинската екипа на Работнички каде е поразена со 0:4, полувреме 0:0, како дел од подготовките за пролетниот дел од општинската „А“ лига.Од Јени Мале истакнуваат дека иако натпреварот и резултатот не биле во преден план, сепак се задоволни од тоа дека одиграле добар натпревар, но додаваат дека им е поважно дружењето,  а секако да се игра на теренот “Билјанини извор“ во Охрид е едно искуство плус за сите нив.

Тренерот на екипата на Работнички е битолчанецот Вангел Алтипармаковски кој по натпреварот рече дека задоволство му е што изиграле пријателски натпревар со екипа од Битола која е добро организирана, но се надева ќе биде потик и за другите екипи да го следат примерот на Јени Маале, со тоа би се развил и спортот и се надеваме на повеќе млади деца кои ќе се занимаваат со спорт.За да се одигра овај натпревар Јени Маале упатува посебна благодарност до Горан Лукач кој е во Австралија и бил дел од екипата, а  исто така и до Менде Фидановски кој помогнаа финансиски да биде организацијата на високо ниво.

По заврпувањето на натпреварот дружењето продолжи во ресторанот “Белведере“ во Охрид.

More from СпортMore posts in Спорт »