Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана при напад со палка во глава

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати со палка, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбраната кога нападот е со палка во глава, започнува со тоа што прво се изведува блокирање на ударот со левата рака, а потоа со десната рака притискаме врз левиот образ на напаѓачот.  Истовремено ротираме околу десната нога во правец назад-лево, при што со десната нога ја избиваме левата нога на напаѓачот од внатрешната страна во пределот на над коленицата, по што го неутрализираме напаѓачот.На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.