Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ Гол ја промовираше новата спортска опрема “Uhlsport“ (фото)

Женскиот фудбалски клуб Топ гол на “Ќумурното“ игралиште во Битола ја промовира новата спортска опрема која ќе ја користи во пролетната полусезона од првенството. Станува збор за реномираната компанија за производство на спортска опрема “Uhlsport“. Покрај стандардната опрема за натпревар, Топ гол обезбеди и спортски реквизити и справи за тренинг.-Спортската опрема и те како е важна за непречено натпреварување и тренирање. Обезбедивме комплет нови дресови, тренерки, маички и секако голем број на реквизити за тренинг. Пред стартот на вториот дел првенството ова е силен мотив за фудбалерките да го дадат својот максимум на натпреварите, изјави Кире Грбевски претседателот на Топ гол.

More from СпортMore posts in Спорт »