Денес, недела, 28 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и посвежо во однос на претходните денови. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Максималната температура во Битола 11 степени.
Утре, понеделник, 1 март, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Битола 12 степени.






