Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 25 нови позитивни на ковид-19, оздравени 17 пациенти, 1 починат, 188 активни случаи

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 25 нови позитивни на корона вирус.

Денес се регистрирани се 368 оздравени пациенти од кои во Битола се 17 лица.

Пријавени се вкупно 7 починати лица, од кои 1 пациент од Битола на 72 години.

Направени во ЦЈЗ Битола се 71 ковид тестови, а во Битола има активни 188 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.