На 02.03.2021 во СВР Битола, А.Д. (40) од Битола пријавил дека на ул. “Дебарска“ во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од 50 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.03.2021 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.Т.(25) од село Трновци, битолско, бидејќи на ул. „Широк Сокак“ физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






