Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со слаб до умерен ветер

Денес, среда, 3 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 14°С.

Утре, четврток, 4 март, во Битола времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 15°С.