Утре на хибриден начин (во хотел “Театар Битола“ и Zoom платформата) ќе се одржи завршната Конференција на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ со акроним In4Child, кој е финансиран од програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014- 2020.
Учесниците на конференцијата преку платформата Zoom: https://us02web.zoom.us/j/82880071820?pwd=eTJJUkwzWTFMbWVlWVgvb1NiVjhR QT09 ќе ги сондираат ставовите и ќе се осврнат со резимеа за темата: “Заедно за добросостојбата на децата од ранливите категории“ со симултан превод на македонски и англиски јазик.
На отварање на конференцијата покрај министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, свои обраќања ќе имаат и г-ѓа Наташа Петровска, градоначалник на општина Битола – ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Сашо Коруновски и од име на организаторот, г-ѓа Домника Рајчановска, директор на Висока медицинска школа – Битола.
Инаку, проектот In4Child е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички во програмата. Завршната конференција на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ со акроним In4Child и на тема “Заедно за добросостојбата на децата од ранливите категории“, се одржува во организација на Високата медицинска школа -, единица на Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола.
Заради пандемијата со КОВИД19, Конференцијата се одржува со опција за виртуелно учество што е во согласност со општите Ковид прилики и мерките за заштита на јавното здравје.






