Press "Enter" to skip to content

“Инженерството во општеството“ тема на е-дијалози на УКЛО

По повод Меѓународниот ден на инженерството, на Унивезитетот “Св. Климент Охридски“  на 4 март 2021 година ќе се одржат првите Е- Дијалози на тема “Инженерството во општеството“. Организатори на овој е-настан се Факултетското Студентско собрание при Технички факултет – Битола, Организациониот и Програмскиот одбор на студентската конференција „Техниката и урбаниот развој-ТУР“. На настанот со свои теми учество ќе земат професорите и студентите од неколку факултетски единици при УКЛО.

Идејта и целта е-Дијалозите е суштински поврзана со престојната студентска конференција „Техниката и урбаниот развој-ТУР“ како втора факултетска, а прва интер-универзитетска студентска конференција. Студентите од Техничкиот факултет веруваат дека ова ќе ги зближи студентите од сите универзитетски единици, и изразуваат уварување дека на овој начин ќе ги мотивираат и инспирира за взаемна соработка и другите колеги студенти. За вниманието кон инженерството и неговото место во општеството говори и поддршката и вклученоста на акдемскиот кадар од УКЛО, меѓу кои и проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски.Студентката Билјана Велјановска, претседател на Организациониот одбор на конференцијата за Битола њуз вели дека „во процесот на организирање на овие Е- Дијалози ние се обративме до акадермски кадри од УКЛО да земат активно учество и со професионалните и стручни видување за релацијата и влијанието на инженерството во различни области на општественото живееење да ги збогатат Е- Дијалозите и да овозможат различни аспекти на поврзаност меѓу инженерството и општеството.

Ние студентите не можеме без поддршката од професорите, па во процесот на организирање на овие Е- Дијалози ние се обративме до акадермски кадри од УКЛО да земат активно учество и со професионалните и стручни видување за релацијата и влијанието на инженерството во различни области на општественото живееење да ги збогатат Е Дијалозите и да овозможат различни аспекти на поврзаност меѓу инженерството и општеството истакнува Билјана Велјановска, претседател на Организациониот одбор на конференцијата.

Свое видување кон настанот даде и вонр.проф.д-р Јасмина Буневска Талевска од Техничкиот факултет Битола, која воедно е и претседател на Програмскиот одбор и иницијатор за организација на студентската конференција „Техниката и урбаниот развој-ТУР“, која по прв пат на Технички факултет – Битола и воопшто на УКЛО се одржа на 11 ноември 2020 година, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на науката.

-Е-Дијалозите се директен производ на нашата идеја и заложба студентската конференција да ни стане традиционална и интер-универзитетска. Имено, јас лично верувам дека ова е и патот за поттикнување за изучување на инженерството и поттикнување на еден афирмиран однос кон знаењето и сметам дека на овој начин ги одржуваме нашите студенти активни и ангажирани, ги мотивираме да ги следат трендовите, да комуницираат и соработуваат, а пак ние наставниците создаваме амбиент за да ги задржиме талентираните кадри и на нашите факултети и во земјата, истакна вонр. проф. д-р Јасмина Буневска Талевска.