На Влашките гробишта во Битола, денес му беше оддадена почит на еден од браќата – првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки, кој почина на денешен ден пред 57 години.
Свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Комуната на Власите во Битола и претставници на Народна техника и Фестивалот Камера 300.
-Милтон Манаки неспорно остави длабок траг со своето дело во нашата општина. На ваков начин со полагање на свежо цвеќе на неговиот вечен дом се сеќаваме на него, оддаваме почит на неговите дела и неговата вредност. Нека му е вечна слава, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.
-Тука сме да му оддадеме почит на еден од првите сниматели на Балканот, на нивното заедничко дело со неговиот брат, а годинава поради мерките за заштита од ковид се одлучивме тоа да го направима скромно со мал број на делегации, рече Стефче Хаџиантоновски, претседател на Комуната на Власите „Браќа Манаки“.

Со полагање на цвеќе на гробот на Милтон Манаки, одбележани 57 години од неговата смрт (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала
- Универзитетска летна пракса 2026
- СВР Битола: 6 годишно дете тешко повредено на електричен тротинет, приведување за марихуана и приведувања за возење без возачка и возење во забранета насока
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
- Во Битола попаднево услови за дожд
More from КултураMore posts in Култура »
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- “Ела поблиску“ изложба на минијатури на Тони Соколов – Солза од Австралија, роден во Битола(фотогалерија)
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“










