На 06.03.2021 во 12.30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 62 годишник од Битола бидејќи околу 11.00 часот во близина на продавница во Битола физички нападнал полициски службеник.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






