Денес, недела, 7 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 11 степени.
Утре, понеделник, 8 март, во Битола времето ќе биде сончево со зголемена облачност и со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени.






