Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 11.
Регистрирани се 268 оздравени пациенти, а од Битола се 4.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 81 ковид тестови, а во Битола се активни 219 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.






