Денес, понеделник, 8 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, вторник, 9 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 11 степени.






