Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19, а во Битола нема нови позитвни на корона вирус.
Регистрирани се 681 оздравени пациенти од кои од Битола се 10.
Пријавени се вкупно 11 починати лица од кои едно лице од Битола на 85 години во болнички услови.
Вчера не беа правени ковид-19 тестови во ЦЈЗ Битола, а активни случаи се 228 во Битола.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.






