Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 33 нови лица.
Регистрирани се и 412 оздравени пациенти, од Битола се 13 лица кои се оздравени од корона вирус.
Направени теста во ЦЈЗ Битола се 70.
Во Битола активни се 228 случаи на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.






