Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со тупаница од долу

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати со тупаница од долу, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбрана од удар со тупаница од долу започнува со тоа што се поместувама во страна, лево и ја факаме раката на напаѓачот во пределот на коренот од дланката. Потоа одбраната продолжува така што со двете раце туркаме надолу и ротираме околу левата нога во лево назад. На крајот на одбраната воспоставуваме полна контрола врз напаѓачот.На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.

More from СоветиMore posts in Совети »