Денеска во дворовите на на деветте детски градинки на Јавната општинска установа за деца „Естреја Овадија Мара“ беа посадени 11 дрвца. Со овој чин, проектот „Еврејски гробишта-Битола“ кој го реализира Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ, Битола заедно со партнерите од Израел и од земјата, ја одбележуваат 78-годишнината од исчезнувањето на Еврејската заедница на Македонија.
Настанот во Битола е дел од меѓународната акција да се засади по едно дрвце за секој наш сограѓанин кој настрада во огновите на Холокаустот. Садењето дрвцата е во оваа детска греадинка затоа што веќе 60 години го негува споменот на младата битолчанка, народниот херој Естреја Овадија –Мара.
-Во духот на годинашната комеморација на 11 март, денот на Холокаустот на Евреите од Македонија, започнуваме со садење на зимзелени дрвца, вкупно 11, во спомен на 11 март од Битола. Никогаш повеќе Холокауст, омраза, заблуда, нека биде љубов меѓу луѓето и внимание за сите. Ќе го одржуваме овој дух се додека новата реалност не ни дозволи повторно да ги поканиме гостите од цел свет и да садиме заедно, рече Марија Герас Дочовска, раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“.

Засадени дрвца во градинките на „Естреја Овадија Мара“ во спомен на изгубената Еврејска заедница во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Адвокатска канцеларија “Главинче“ од Битола со свечена академија, документарен филм, изложба и со многу гости одбележа 60 години од основањето (фотогалерија)
- Србинот Кочовиќ ново засилување на КК Пелистер
- Едукативен-забавен хепенинг во Зоолошката градина Битола (фото)
- Инженерство, иновации и извонредност: 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: син нападнал татко, пронајдена стара граната





