На 10.03.2021 околу 02.10 часот во СВР Битола, 46 годишник од Битола пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки. Тој и неговиот татко го изгаснале пожарот, а повредни лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 20 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“. На 20.11.2020, пријавениот, без знаење на 17-годишен малолетник, го снимал нивниот разговор, по што видеото го објавил на социјалните мрежи и на негов Youtube канал.






