Press "Enter" to skip to content

За сеќавање на битолските Евреи засадени дрвца во Битола и во Кирјат Оно во Израел (фото)

Преку платформата zoom, по повод 11 март, денот на депортацијата на Евреите од земјава, се одржа настан на кој во градот Кирјат Оно во Израел, свои пораки на сеќавање за жртвите, како и пораки за мир испратија градоначалникот на овој град Исраел Гал, израелскиот амбасадор Дан Оријан, Александар Аврамовски од македонската амбасада во Израел и д-р Шели Леви Друмер.Од Битола, во манифестацијата се вклучија во живо од дворот на здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ каде и се засади дрвцето во спомен на битолските Евреи, кои на 11 март беа депортирани од Битола.Градоначалничката Наташа Петровска, пред присутните во градот Кирјат Оно во Израел, на заедничката манифестација, на која во исто време како и во Битола, се засадуваа дрвја порача:-Кога не можеме заедно да го одбележиме денешниот 11 март, ништо не нè спречува тоа да го направиме и на далечина, во исто време, со засадувањето на дрвја, преку кои испраќаме порака дека тие се симбол на она што останува живо сè уште во нас, а тоа е големата желба да направиме нешто повеќе заедно во иднина.По испраќањето на пораките, заеднички во исто време, беа засадени дрвја во Битола и во Кирјат Оно. Во Битола, засадувањето се реализираше во дворот на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а покрај градоначалничката Петровска, дрвца засадија директорката на здравствениот дом Весна Спирковска и директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.Претходно во дворто на  здравствениот дом “Др. Хаим Абраванел”, пред  спомениците на депортираните Евреи и на споменикот на Естреја Овадија Мара беа положени и цвеќиња ос страна на делегации на Советот на Општина Битола, детската градинка “Естреја Овадија Мара, и од страна на пензионерите и младите од СДСМ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »