Press "Enter" to skip to content

Средба на градоначалникот Наташа Петровска и проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска оствари средба со Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, Битола и институционален Еразмус координатор проф. д-р Марјан Ѓуровски во функција на унапредување на заедничката соработка.

-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во континуитет презема низа активности во насока на зајакнување на капацитетите на студентите со цел зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд, по дипломирањето. Во овој контекст, реализирањето на професионалната пракса е дел од активностите со кои на студентите, во текот на летните месеци им се дава можност да ги продлабочат и се стекнат со нови знаења и вештини, што всушност се совпаѓа и со напорите што ќе ги презема УКЛО и градот Битола за реализација на универзитетска летна пракса и во насока на промоција студиските програми на УКЛО и настојување за создавање на можности за отворање на нови работни места во општината и регионот, рече Петровска.

На средбата на градоначалничката Петровска и проректорот Ѓуровски се разговараше за проектот на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО за превземање на заеднички активноста со општина Битола и ЈП кои се во нејзина надлежност. Пилот пректот „Универзитетска летна пракса“, би се спроведувал и во останатите општини. Со цел успешно реализирање на вака конципираната идеја, преку повеќе активност ќе се даде можност за студенти на УКЛО да се вклучат во обавување практична работа во општината Битола, нејзината администрација, јавните претпријатија кои се во надлежност на општина Битола, како и во одделните сектори во општината, Периодот на реализација на ваквата активност, би бил во летните месеци, кога дел од вработените го користат годишниот одмор со целосна примена на епидемиолошките мерки. На тој начин ќе се направи спој на теоријата и нужната поголема пракса и искуство на студентите.

-Во престојниот период ќе се изнајдам механизми УКЛО и општината Битола заедничка да аплицираат на проекти кои би се реализирале преку европските образовани програми на ЕУ. Еразмус плус мобилноста дава можности преку престојот на странски студенти и нивното сместување да се организира во приватни капацитети за сместување со што ќе се помогне и домашната економија и стандардот на граѓаните кои официјално издаваат сместувачки капацитети. Во иднина ќе се направат напори да се создаде т.н. каталог на сместувачки капацитети кои може да се дадат на располагање и користење на странските студенти кои би дошле во размена на единиците на УКЛО, а со користење на средства од ЕУ ќе се помогнат домашните ресурси и капацитети во општината Битола и регионот, рече на средбата проректорот универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски.

-УКЛО е еден од трите препознатливи белези и бренд на градот Битола и заедно локалната самоуправата, високото образование и науката може многу повеќе да направат за себе и своите граѓани, студенти и професори, како и за локалниот и општествен развој и просперитет, нагласи Ѓуровски.