Неврохирург проф. дир Лукас Расулиќ, реномиран српски лекар, кој има потeкло од Битола, ќе биде почесен конзул на РС Македонија во Србија, односно во Златиборскиот округ, за што веќе македонското МНР веќе испрати барање за согласност.
Проф. д-р Расулиќ да биде назначен за Почесен конзул на Србија во општина Чајетина (Златибор), каде ќе се отвори и Конзулат, а во надлежност на ќе му биде Златиборскиот округ што ги опфаќа општините Чајетина, Ариље, Бајина Башта, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Ужице, Пожега итн.
Д-р Лукас Расулиќ е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград и раководител на Одделот за хирургија на периферни нерви и функционална неврохирургија на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар на Србија. Професор Расулиќ има објавено повеќе од 400 научни публикации во меѓународни и национални научни и е претседател на српското Здружение на неврохирурзи, претседател на Неврохируршкото друштво на Југоисточна Европа, индивидуален член на Европската асоцијација на невролошки хирурзи – ЕАНС итн.
Инаку, проф. д-р Лукас Расулиќ, има потекло од Битола, по неговата мајка битолчанка, и е често е во посета на нашиот град, кај своите роднини и пријатели, а на многумина им помогнал за лекување на наши сограѓани во странство.






