На 14.03.2021 полициски службеници од СВР Битола приведоа 24 годишник од Битола, кај кого е пронајдена марихуана.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а во врска со сторено кривично дело по член 215 и 216 од КЗ на РСМ.
На 13.03.2021 во 13,05 часот Г.Л. од Битола пријавил дека во близина на реката до неговата куќа во Битола пронашол стара граната. Известен бил пиротехничар во ДСЗ-Битола кој по излегување на местото на настанот констатирал дека се работи за стара нееексплодирана граната кал 75 мм која потекнувала од Првата Светска Војна и била безбедно подигната за понатамошна постапка.






